Фенди![]() ![]() Фенди е светски позната италијанска модна компанија, особено, по своите торби, и крзнени и кожни производи.[1] Фенди е основана во 1925 година, како трговско друштво за крзно и кожа во Рим. Под името Фенди се подразбираат високобуџетни аксесоари за жени, мажи и деца, најчесто од крзно и кожа. Исто така Фенди нуди услуга преку глобалните мрежи. Германскиот дизајнер Карл Лагерфелд од 1965 година е главен дизајнер на женската колекција под назив Фенди. ИсторијаФенди е отоврена во 1925 година во Рим.[2] Во 1955 година, Фенди ја организира првата модна ревија за кожа и крзно. Секоја од ќерките наследила 20% од матичната компанија, и го продолжиле бизнисот: Паола станала одговорна за колекцијата од крзно, Ана за кожната опрема, Алда била одговорна за продажбата, Франка за маркетинг и односи со купувачите, и Карла за координирање на менаџментот. Карл Лагерфелд се приклучил во 1965 година како креативен директор за крзно.[3] Фенди денесВо 2005 година, седиштето на компанијата Фенди се преселило во Палацо Пради. Кон крајот на 2007 година, започнува да се шири и на кинескиот пазар, и тоа е првата модна компанија воопшто која на Кинескиот ѕид одржала модна ревија со 88 модели на 88 метри модна писта. Се проценува дека оваа модна ревија чинела околу 10.000 долари. Кон крајот на 2011 година имало околу 20 Фенди продавници во Народната Република Кина. Фенди го финансира реновирањето на Фонтана ди Треви со 2,18 милиони евра, кое што се завршило кон крајот на 2015 година.[4][5] Во јули 2016 година Прада ја претставува женската колекција напистата поставена над фонтаната Треви. Во 2017 година, Фенди отвориле продавница во соработка со интернет платформата „Фарфеч“.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia