Феноменологија (филозофија)За други значења на поимот, погл. Феноменологија (појаснување).
Феноменологија (од старогрчкото phainómenon „она што се појавува“ и lógos „наука“) e филозофско истражување на структурите на искуството и свеста. Едмунд Хусерл ја отпочнува како филозофско движење во раните години на XX век, кое е подоцна разработено од неговите германски следбеници во Гетинген и Минхен. Подоцна се шири во Франција и САД, во правец достатно различен од првобитната замисла на Хусерл.[1] Феноменологијата во никој случај не е обединето движење: постои некаков пресек помеѓу мислителите, но истовремено и видни разлики. Следствено, „да се даде единствена и конечна дефиниција за феноменологијата е опасно, а можеби и парадоксално бидејќи таа нема тематски фокус. Всушност, не станува збор за доктрина, ниту филозофска школа, туку за стил на размислување, метод, отворено и секогаш ново искуство на различни резултати, што може да го збуни оној кој се обидува да ја дефинира.[2] Феноменологијата, онака како што ја дефинира Хусел, пред сѐ се занимава со системска рефлексија на структурата и појавите на свеста. Феноменологијата се разликува од картезијанскиот метод на анализа кој го гледа светот како множество од објекти, кои дејствуваат едни врз други. Хусерловиот концепт е еднакво критикуван и развиван од неговите ученици, како Едит Штајн и Роман Ингарден, од страна на херменевтички филозофи, како Мартин Хајдегер, од егзистенцијалисти, како Николај Хартман, Габриел Марсел, Морис Мерло-Понти, Жан-Пол Сартр. Макс Шелер, Пол Рикер, Емануел Левинас исто така имаат работена со феноменологијата. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia