Феноскандија (фински: Fennoskandia; шведски: Fennoskandien; норвешки: Fennoskandia; руски: Фенноскандия) — географски поим што дефинира дел од нордискиот регион опфатен од Скандинавија, Финска, Руската Република Карелија и Мурманската Област со целиот Колски Полуостров[1] како и делови од Ленинградската Област. Овој поим најчесто се користи за вклучување на Финска во во регион со Норвешка и Шведска. Поимот првпат бил употребен во 1898 година од финскиот геолог Вилхелм Ремзи,[2] а името потекнува од латинските зборови (Финска) и (Скандинавија).[3] Во тоа време, Финска била дел од Руското Царство, па затоа често била географски вклучена во Источна Европа. Помеѓу двете светски војни, ориентацијата на владата во Хелсинки била да бара дистанца и од Москва и од Стокхолм, така што земјата се самоопределила како дел од Средна Европа заедно со балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија. По Втората светска војна и советската анексија на балтичките држави, терминот Феноскандија повторно станал популарен, бидејќи Финска тогаш сакала да се гледа како дел од Северна Европа.
Наводи
Литература
- Ramsay, W., 1898. Über die Geologische Entwicklung der Halbinsel Kola in der Quartärzeit. Fennia 16 (1), 151 p.
Надворешни врски