Филозофија на религијата![]() ред 1: Христијанство, Јудаизам, Хиндуизам ред 2: Ислам, Будизам, Шинто ред 3: Сикизам, Бахај, Џаинизам Филозофија на религијата е една од поновите посебни (засебни) филозофски дисциплини. Нејзиното поле на истражување е на теренот на онтологијата, односно метафизиката. Меѓу првите позначајни дела од областа на филозофија на религијата е тротомната книга на германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел Филозофија на религијата. Предметот на филозофијата на религијатаВообичаено филозофијата на религијата се дефинира како филозофско толкување на религијата. Меѓутоа, од друга страна, некои сметаат дека ваквото нејзино дефинирање е тавтолошко, од една страна и дека, од друга, е во колизија со едно од основните правила на секое дефинирање - имено, дека дека она со кое нешто се дефинира (definiens) мора да биде појасно од она кое се дефинира (definiendum)[1]. Во случајов ова правило не е запазено, бидејќи и самите поими филозофија и религија не се доволно јасни. Но, во секој случај, филозофијата на религијата како свој предмет ги има следните суштински проблеми: историјата на поимот Бог онака како што бил разгледуван во досегашната филозофија и теологија, можноста за неговото познание, докази за Божјото постоењe, како и прашањето за постоењето на злото, под претпоставка дека семоќниот, седобриот и сеумниот Бог го создал светот. Ако е така, тогаш се поставува прашањето од каде злото во светот? На тој начин, теодикејата станува едно од суштинските прашања на секоја филозофија на религијата. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia