Филота (митологија)Филота (Филотес), (грчки: Φιλότης) во старогрчката митологија била божество на дружењето и нежноста. МитологијаФилота е претставувана како дух на дружењето, нежноста, па дури и на сексуалниот чин, на што укажува нејзиното име. Според Хесиод, Филота е ќерка на Никта. Кога титанот Крон го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза, освен Филота и: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот). Според Хигин, пак, негова мајка е Никта, но татко му е Ереб.[1] Нејзина спротивност се Никеите (караницата, раздорот), деца на Ерида. ТолкувањеСпоред некои извори, Хесиод во својата „Теогонија“ ги спомнува Никеите (раздорот) и Филота (пријателството) како ознака за крајниот принцип на устројството на космосот.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia