Финале на Лига Европа 2011![]() УЕФА Европа Лига Финалето во 2011 беше финалниот натпревар на 2010-11 УЕФА Европа Лига, во 40-та сезона на второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување организирано од страна на УЕФА (по Лигата на Шампиони), и 3-та сезона откако ова натпреварување беше преименувано од Куп на УЕФА во Лига Европа. Натпреварот се одиграл на 18 мај 2011 година на Стадион Авива во Даблин, Република Ирска,[1] меѓу двата португалски клубови – Порто и Брага – за првпат во финалет на УЕФА конкуренција.[2] Со победа од 1-0 Порто ја освоил и обезбедил својата втора титула во ова натпреварување, по успешниот настап во Финалето на Купот на УЕФА во 2003.[3] , за играч на натпреварот бил избран колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао, кој го постигнал победничкиот гол со што се зацрстил на позицијата најдобар стрелец за сезоната 2010-11 на УЕФА Европа Лига, поставувајќи рекорд на турнирот со постигнати 17 голови.[4][5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia