Финале на Лига Европа 2015
Финале на Лига Европа 2015 е финалниот натпревар во сезоната 2014-15 во УЕФА Лига Европа, како 44 та сезона на Европското средно клупско фудбалско натпреварување организирано од страна на УЕФА, и 8 сезона, под називот Лига Европа, бидејќи турнирот бил преименуван од КУП на УЕФА во УЕФА Европска Лигата. Натпреварот се одиграл на Националниот Стадион во Варшава, Полска, на 27 Мај 2015 година,[3] помеѓу украинскиот Днипро од Днипропетровск и шпанската Севиља. Победник на ова натпреварувње бил тимот на Севиља, со победата од 3-2 за нејзина четврта титула.[4][5] Како победници, тимот на Севиља се здобил со право да игра против победниците на Лига на Шампиони 2014 - 2015, тимот на Барселона, во УЕФА Супер Купот 2015 година. Згора на тоа, за првпат, место во Лигата на Шампионите било резервирано за понедникот, што значи дека Севиља автоматски се квалификувала во групната фаза на Лигата на Шампионите во сезоната 2015-2016, и покрај тоа што не обезбедила учество преку нивната домашна лигашка позиција.[6] Финалистите на Лигата на Шампионите таа сезона (Јувентус и Барселона) веќе биле квалификувани во групната фаза преку своите домашни првенства .[7] Место![]() Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia