Флејтист (Мане)
Флејтист(француски: Le fifre ) — маслена слика на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1966 година. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз[1]. Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најнежните и најстилизираните по боја.[2] ОписПретставено е малдо момче што свири на пиколо флејта. Сликата настанала по претојот на мане во Шпанија и посетата на музејот Прадо, каде што се запознал и бил воодушевен од делата на Диего Веласкес.[3] СтилСликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Настојување на доминантно и провидно присуство на светлината и особено колоритот. Во многу елементи ова слика се разликува од другите по едноставноста и чистотата на изразот доловен со стилизирани и минималнаи линии.[4] Техника на сликањеМане бил еден од пионерите на импресионизмот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане настојува на провидно, директно скоро плакатско изразување.[5] ВлијаниеКако и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Поради специфичниот минимализам и директност, оваа слика ќе изврши влијание кај Анри де Тулуз-Лотрек и неговите антологиски плакати како и во елементарноста и лаконскиот израз кај Анри Матис, Пабло Пикасо.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia