Флора (божица)Во римската митологија, Флора била божица на цвеќињата и пролетта. Иако била релативно низок лик во римската митологија, како една од неколкуте божици на плодноста и заради нејзината поврзаност со пролетта, таа сепак играла некоја улога, посебно при доаѓањето на ова годишно време. Нејзиниот фестивал, Флоралии се одржувал на 28. април или рано во мај и го симболизирал обновувањето на животниот циклус. Одлики на овој фестивал биле играњето, пеењето и цвеќињата. Нејзиниот грчки еквивалент била Хлора. Флора била омажена за Фавонј (Зефир), богот за ветерот.[1] Заради нејзината поврзаност со растенијата, поимот „флора“ се однесува на растителниот свет. Флора добила на поголемо значење во неопаганската обнова кај Ренесансните хуманисти отколку што имала во Стариот Рим. <gallery> ![]() ![]() <gallery> Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia