Фокер-Планкова равенка![]() Во статистичка механика, Фокер-Планковата равенка е парцијална диференцијална равека која го опишува временскиот развој на густината на веројатноста за брзината на честичка чие движење е под влијание на сили на отпор и случајни сили, како во случајот со Брауново движење. Равенката може да биде проширена за да опише и други променливи.[1] Именувана по Адријан Фокер и Макс Планк,[2][3] понекогаш оваа равенка се среќава и под името Колмогоровска дирекна равенка, по Андреј Колмогоров кој независно го открил концептот во 1931 година.[4] Кога се работи за распределеност на честичните позиции, позната е и како Смолуковска равенка (по Маријан Смолуковски);[5] во овој контекст таа е еквивалента на транспортна равенка со конвекција и расејување. Доколку нема расејување, во статистичка механика зборуваме за Лиувилова равенка. Фокер-Планковата равенка се изведува од основната кинетичка равенка преку Крамерс-Мојалова експанзија. Николај Болољубов и Николај Крилов се првите кои конзинстентно ја извеле Фокер-Планковата равенка на микроскопско ниво за класична и квантна механика.[6][7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia