ФолксономијаФолксономијата (од англ. folksonomy) е систем на класификација изведен од практиката и постапките на заедничко создавање на и раководење со ознаки за прибележување и категоризација на содржините[1][2]. Оваа практика се нарекува и соработно означување[3], друштвена класификација, друштвено индексирање и друштвено означување. Поимот „фолксономија“ го измислил американскиот информатичар Томас Вандер Вал, и претсавува кованка од folks (народ) и taxonomy (таксономија). Фолксономиите стекнале популарност на интернет околу 2004 г.[4] како дел од приложните програми за социјално вмрежување како кај друштвеното бележење и означување лица на фотографии. Означувањето функција мошне својствена на службите на Пајажина 2.0 која на корисниците им овозможува збирно да класификување и пронаоѓање информации. Некои мрежни места имаат облаци од ознаки како начин на прикажување на ознаките во една фолксономија.[5] Според една емпириска анализа на сложената динамика на системите за означување од 2007[6], дека постои складност во распределбата и заедничката употреба на поимите, дури и во отсуство на централно контролиран лексикон. Содржините можат да се пребаруваат само ако се категоризирани и групирани. Ова е изводливо само ако се означени со клучни зборови како во стручен напис. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia