Фондации Отворено општество
Фондации Отворено општество (ФОО), порано Институт Отворено општество — меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос.[1] Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми.[2][3] ФОО има свои претставништва во 37 држави,[4] вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк. Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци вредни 11 милијарди долари.[5] Името на оваа мрежа е инспирирано од книгата на Карл Попер од 1945 година, Отвореното општество и неговите непријатели.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia