Фондација Викимедија
Фондацијата Викимедија (англиски: Wikimedia Foundation Inc.) е организацијата покровител на Википедија, Викиречник, Викицитат, Викикниги, Викиизвор, In Memoriam 9/11, Заедничка ризница, Викивидови, Викивести, и Nupedia (затворен проект). Фондацијата е непрофитна организација регистрирани по законите на Флорида, САД. Нејзиното постоење е официјално обзнането од страна на поранешниот извршен директор на Бомис и соосновач на Википедија Џими Велс на 20 јуни 2003 [1]. Локален огранок на Викимедија во Македонија е Викимедија Македонија. Локални ограноци![]() Викимедија проектите се на меѓународно ниво. Викимедија гради меѓународна мрежа на ограноци преку која ги поддржува своите проекти. Локалните ограноци се самостојни организации кои ги споделуваат целите на Фондацијата Викимедија и истите ги поддржуваат на територијата на земјата во која се регистрирани. Локалните ограноци се самостојни и правно немаат контрола ниту пак каква било одговорност за мрежните страници на Фондацијата Викимедија и обратно.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia