Фондација Карнеги за меѓународен мирФондација Карнеги за меѓународен мир (CEIP) е меѓународен аналитички центар со центри во Вашингтон, Москва, Бејрут, Пекинг, Брисел, и Њу Делхи.[1] Организацијата себе се промовира како посветена на подобрување на соработката меѓу нациите преку активно меѓународно учество на САД. Основана е во 1910 година од страна на Ендрју Карнеги. Дејствувањето на оваа организација не се поврзува со ниедна политичка партија. Балканските војни според Карнегиевата фондацијаНестабилноста на Балканскиот Полуостров кулминирало со Првата балканска војна во 1912 година. Мировните движења, кои со години ги симпатизирале борбите на балканските Словени за ослободување од османлиското владеење, сметале дека треба да се прекинат непријателстата и споровите да се решат по мирен пат во согласност со меѓународното право. Меѓутоа, во Втората балканска војна, кога веќе Османлиска Турција не била главна страна во непријателствата, доаѓале извештаи за крајно дивјаштво во борбите што ја обележувале и Првата и за многубројните злосторства над цивилното население кои биле главна одлика во Втората балканска војна, односно на територијата на Македонија. Тоа била причина за решението на Карнегиевата фондација, донесена веднаш по избувнувањето на Втората балканска војна, да состави престижно маѓународна комисија и да ја задолжи со задача да ги востанови фактите и да му даде на западното мислењен јасна и сигурна слика за она што се случува во погодениот регион. Карнегиевата комисија се состоелаод 8 членови, по еден од САД, Германија, Австроунгарија и Русија и по двајца од Франција и Велика Британија, и тоа:[2]
Претседател на комисијата бил де Констан кој ја претставувал Франција на двете хашки деловни конференции во 1899 и 1907 година и бил добитник на Нобеловата награда за мир во 1909 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia