ФордФорд или Друштво за мотори Форд (англиски: Ford Motor Company) — американско претпријатие за производство на автомобили, основано на 16 јуни 1903 година од Хенри Форд. Седиштето на Форд се наоѓа во Детроит. Тоа ги продава своите автомобили и комерцијални возила под името Форд, додека луксузните марки ги продава под името Линколн. Исто така, Форд има заеднички вложувања во повеќе земји, како: Кина, Тајван, Турција и Тајланд. Во 1989 година, Форд го откупил британското претпријатие Јагуар, а во 2000 година и Ленд ровер, но во март 2008 година нив ги продал на индиското претпријатие Тата. Исто така, од 1999 до 2010 година, Форд бил сопственик на шведското претпријатие Волво.[1] Од 1938 до 2011 година, Форд ги произведувал и луксузните автомобили од марката Меркјури. Организација и управувањеПретпријатието е организирано како акционерско друштво и котира на Њујоршката берза, а контролата во управувањето ја има семејството Форд кое има мнозинство гласови, иако нема мнозинство во вкупниот број акции.[2] Имено, во 1956 година, Форд станал јавно друштво, меѓутоа семејството Форд со помош на посебни класи акции задржало 40 % од бројот на гласовите.[3] ПроизводствоОва претпријатие е познато по воведувањето на методите за масовно производство, засновано врз детална поделба и специјализација на работата, организирана според принципот на подвижна лента. Овој начин на организација на производството е познат како Фордизам. Во 2008 година, Форд произвел 5,532 милиони автомобили и имал околу 213 000 вработени во 90 фабрики и погони ширум светот.[4] Во 2022 година, Форд бил вториот најголем производител на автомобили во САД и шестиот најголем производител во светот,[5] а во 2010 година бил петтиот најголем производител на автомобили во Европа.[6] Финансиски резултатиЗа време на Глобалната финансиска криза од 2007-2008 година, Форд западнал во финансиски тешкотии, но не побарал финансиска помош од државата, како што бил случајот со другите две американски автомобилски претпријатија.[7][8] Оттогаш, претпријатието повторно станало профитабилно,[9] и во 2018 година се наоѓало на 11. место на списокот на најголемите американски претпријатија со вкупен приход од 157 милијарди долари во 2017 година.[10] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia