Фотоапарат за еднократна употреба

Кодак Ултра фотоапарат за еднократна употреба со вграден блиц

Фотоапарат за еднократна употреба — апарат во кутија наменета за еднократна употреба. Повеќето користат леќи со фиксен фокус. Дел од нив се опремени со интегриран блиц, а постојат и водоотпорни верзии за подводно фотографирање. Интерно, камерите користат филм 135 или APS кертриџ.

Додека некои фотоапарати за еднократна употреба содржат вистински кертриџ кој се користи за обични, повеќекратно употребливи фотоапарати,[1] други само го навиваат филмот внатрешно на отворен калем. За обработка се предава целиот апарат. Некои од фотоапаратите се рециклираат, т.е. се полнат со филм и се препродаваат. Овие апарати се враќаат за „обработка“ на ист начин како и филмските камери.

Општо земено, фотоапаратот за еднократна употреба претставува враќање на бизнис моделот што го вовел Кодак за нивниот фотоапарат Кодак, претходник на фотоапаратот Брауни, особено популарен во ситуации каде фотоапаратот за повеќекратна употреба лесно би бил украден или оштетен, или кога обичниот фотоапарат сте го заборавиле или ако не можете да си дозволите обичен фотоапарат.

Историја

Фуџифилм КвикСнеп, 2003

Во 1949 година компанијата наречена „Фото-Пак“ произведувала картонски фотоапарат која снимила осум експозиции и била испратена по пошта за обработка. Фрустриран поради пропуштените можности за фотографирање, Х.М. Стајлс измислил начин да смести 35-мм филм во евтино куќиште без скапиот прецизен механизам за транспорт на филм. Цената била US$1,29 ($1.327 in 2025). Иако неверојатно наликува на познатите фотоапарати за еднократна употреба денес, Photo-Pac не успеа да се задржи на пазарот.

Во 1966 година, француската компанија FEX воведе фотоапарат за еднократна употреба од бакелит наречен „Photo Pack Matic“, со 12 фотографии (4×4 см).[2]

Во моментов најсличен фотоапарат за еднократна употреба бил развиен од Фуџифилм во 1986 година. Нивната линија „Квикснап“ користела филм од 35 мм, додека „Флинг“ на Истман Кодак од 1987 година бил со филм од 110 мм.[3] Кодак произвел 35-милиметарска верзија во 1988 година,[4] и во 1989 година ја преименувал 35- милиметарската верзијата во Фансејвер, и ја прекинал изработката на 110 Флинг.[5]

Чести употреби

Фотоапаратите за еднократна употреба се популарни кај туристите и луѓето што патуваат низ целиот свет за да зачуваат фотографии од своите авантури.

Уште од доцните 1990-ти години, фотоапаратите за еднократна употреба станале сè попопуларни како свадбени подароци. Тие се поставувале на маси на свадбените приеми за да ги користат гостите кои сакаат да доловат своја единствена перспектива на настанот. Често биле достапни во бои што одговараат на боите од свадбата, како што се слонова коска, сина, бела, златна, итн.[6]

Дигитална употреба

Дигитални фотоапарати за еднократна употреба (а исто така и дигитални видеокамери за еднократна употреба) се достапни на некои пазари.[7] Дигиталните апарати за еднократна употреба немаат успех како нивните еквиваленти на филмска основа, веројатно поради цената на процесот (особено во споредба со нормалната употреба на дигитални фотоапарати) и слабиот квалитет на сликите во споредба со типичен дигитален фотоапарат или филмски фотоапарат за еднократна употреба. Обично, екранот го прикажува бројот на преостанати снимки, и откако ова ќе заврши, камерата се враќа во продавницата. Дигиталните датотеки потоа се извлекуваат од камерата, а за возврат за задржување на камерата, тие се печатат или се складираат на Це-Де (или DVD во случај на видео камера)[8] за клиентот. Речиси сите дигитални камери за еднократна употреба се успешно хакирани[9] за да се елиминира потребата од нивно враќање во продавницата. Мотивот за такво хакирање вклучува заштеда на пари и предизвикот за надминување (како што е ограничување од 25 снимки на внатрешна меморија што може да складира 100 слики).

Други употреби

Високонапонските фотоблиц кондензатори во некои камери понекогаш се извлекуваат и се користат за напојување на уреди како што се спирални пиштоли,[10] зашеметувачки пиштоли, домашни проекти за Гајгерови бројачи и „RFID запер“ EMP уреди.[11][12]

Наводи

  1. „Ferrania Dual Cassette System“. Ferrania Technologies. Архивирано од изворникот на 2006-10-23. Посетено на 2006-11-17.
  2. Halgand, Sylvain (14 February 2014). „Fex Indo Photo-Pack Matic“. www.collection-appareils.fr (француски). Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 23 September 2022.
  3. „Kodak: History of Kodak: Milestones 1980 - 1989“. Архивирано од изворникот на 2007-11-11. Посетено на 2007-12-27.
  4. Grundberg, Andy (1988-03-20). „CAMERA; This Newcomer Is Disposable“. The New York Times. Посетено на 2007-12-27.
  5. „KODAK: History of KODAK Cameras: Tech Pub AA-13“. Архивирано од изворникот на 2007-11-14. Посетено на 2007-12-27.
  6. „DISPOSABLE CAMERAS — VARIOUS-COLOURS“. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на 2007-03-05.
  7. Graham, Jefferson (2004-08-19). „A disposable digital camera enters the market at $19.99“. USA Today. Посетено на 2007-08-28.
  8. „CVS One-Time-Use Video Camcorder Review — CVS Camcorders“. Camcorderinfo.com. 2005-06-27. Посетено на 2009-10-09.
  9. „Pure Digital / CVS Disposable Digital Camcorder“. Maushammer.com. 2005-06-13. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2009-10-09.
  10. „Disposable Camera Coilgun“.
  11. „RFID-Zapper(EN) - 22C3“. events.ccc.de.
  12. „Yahoo! Groups“. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2009-11-30.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya