Фотонапонски ефектФотонапонскиот ефект (или фотоволтаички ефект) е појава на создавање на напон или соодветна електрична струја во некој материјал при негово изложување на светлина. Иако овој ефект е во непосредно сродство со фотоелектричниот ефект, тие сепак се различни процеси. Кај фотоелектричниот ефект, електроните се исфрлаат од површината на материјалот кога се изложени на зрачење со достатно голема енергија. Фотонапонскиот ефект се разликува по тоа што создадените електрони се префрлаат од едно на друго подрачје (i.e., од валентните во проводните подрачја) во самиот материјал, притоа собирајќи напон помеѓу две електроди.[1] Овој ефект најчесто наоѓа примена кај сончевите (сончеви) ќелии, наменети за производство на струја. Кај ќелиите со p-n преод, осветлувајќи го материјалот, добиваме електрична струја кога внатрешното електрично поле на исцрпното подрачје ги одвејува раздвижените електрони и преостанатите дупки во разни правци.[2] Фотонапонскиот ефект го открил францускиот физичар Александар-Едмон Бекерел во 1839 г.[3][4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia