Фототиристор

Фототиристорелектронска компонента што делува како обичен еднонасочен триоден тиристор, со тоа што може да се доведе во состојба на спроводливост со осветлување на PN спојот на управувачката електрода. Тиристорот е особено добар, во споредба со сите други фотодетектори, што излезната струја не зависи од јачината на светлината. Со светлината фототиристорот се доведува во состојба на спроводливост, а потоа анодната струја на тиристорот е независна од осветлувањето. Затоа, со соодветно ладење, можно е да се работи со напон од неколку стотици волти и струи поголеми од ампер. Повеќето фототиристорски споеви захтеваат поврзување на надворешен отпор R со ред на големина од 100 киломи помеѓу управувачката електрода и катодата. Со него се регулира чувствителноста на фототиристорот и го спречува можното самопобудување поради реверзната струја.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya