Франческо Мањанели
Франческо Мањанели (роден на 12 ноември 1984, во Умбертиде) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.[1] Во моментов го води Примавера тимот на Јувентус. Како играч речиси целата кариера ја поминал во екипата на Сасуоло, за која играл од 2005 до 2022 година, и е нејзин рекордер по бројот на настапи.[2] Технички одликиКако внатрешен играч од средниот ред има пристоен преглед на играта, контролирајќи ја топката најчесто со десната нога. Тој, исто така може да игра како централен играч од средината на теренот и пред одбраната.[3] КариераТој пораснал во младинските категории на Губио, клуб во кој ја започнал својат професионална кариера правејќи го дебито во 2000, со само 16 години, во Серија Ц2. За време на сезоната 2001-2002, тој одиграл 14 натпревари, докажувајќи се како еден од младите играчите кој најмногу ветувал па така го привлекол интересот на поквалитетните италијански тимови како Кјево Верона и Торино[4]. Тоа само било доволно за клубот на Лука Кампедели за да го откупи целосно во летото 2002 за € 50.000.[5], но додека се наоѓал во тимот од Верона во целата 2002-03 сезона, не успеал да дебитира во Серија А. Во 2004 бил ангажиран од страна на Санџованезе во Серија Ц1. Тука усепеал да најде многу малку простор, играјќи само 7 натпревари. Во 2005 тој се преселил во Сасуоло во Серија Ц2, каде што е конечно бил во можност да игра во континуитет натпревари: тој бил стартер во средниот ред и одиграл 26 натпревари во првенството, помагајќи му на својот тим да стекне промоција преку плејофот во Серија Ц1. Следната сезона, екипата од Емилија имала двојно поголем скок во класа благодарение на неговите настапи, но морале да се предадат во плејофот. Сепак тој успеал да го постигне својот прв гол во Серија Ц1, во 23 натпревари. Од сезоната 2007-2008 тој како еден од поважните играчи имал успешна сезона со неровердите, во која тие избориле директна промоција во Серија Б. Набрзо тој станал незаменлива алка во средниот ред, исто така, во следните сезони во Серија Б, прво под водство на Андреа Мандорлини, а потоа и на Стефано Пиоли и Даниеле Аригони. На 18 март 2011, тој го постигнал својот прв гол во Серија Б во дербито против Модена на 8 јули 2011 година, набргу по доаѓањето на новиот тренер Фулвио Пеа, а потоа го продолжил неговиот договор со клубот до 2014. На 18 мај 2013 тој ја освоил Серија Б и изборил промоција во Серија А со тимот од Емилија предводен од Еузебио Ди Франческо. Во следната сезона тој дебитирал во Серија А на 28-годишна возраст, во првиот ден од сезоната во кој Сасуоло загубил со 2-0 од Торино нагости. Клупска статистикаСтатистика е ажурирана на 24 ноември 2013.
Титули
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia