Фридрих II (изборен кнез на Саксонија)
Фридрих II (германски: Friedrich, der Sanftmütige, роден во 22 август 1412 во Дрезден - починал на 7 септември 1464 во Лајпциг) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1428 до 1464 година и ландгроф од Тирингија во периодот од 1440 до 1445 година. Рани годиниФридрих бил првиот син и наследник на изборниот кнез Фридрих I (1370-1428) и на Катарина од Брауншвајг-Линебург (1395-1442). УправувањеВо 1428 година тој го наследил својот татко и управувал заедно со своите браќа Вилхелм III, Хајнрих и Сигизмунд. До 1432 година ги бранел своите територии од големата војна против Хуситите. Во 1431 година учествувл во крстоносна војна против хуситите, која војна завршила со пораз, за да во 1433 година потпише договор со нив. По смртта на ландграфот на Тирингија Фридрих Мирољубиивиот (1440), Фридрих и неговиот брат, Вилхелм ги добиле неговите земји како наследство. Тоа наследство сепак довело до војна помеѓу браќата. Вилхелм, чувствувајќи се навреден по поделбата на Алтенбургското наследство, стапил во тајни преговори со архиепископот на Магдебург. Воените дејствија ги започнал Фридрих. Тој ја нападнал во 1445 година Тирингија, и така започнала саксонските братска војна, која завршила во 1451 година. Фридрих стапил во сојуз со Хабсбурговците, додека Вилхелм добил помош од Бохемија. Веднаш по оваа војна се случило т.н. „Саксонско киднапирање на принцовите„ (Sächsischer Prinzenraub). СемејствоНа 3 јуни 1431 година тој се оженил во Лајпциг за Маргарита Австриска, ќерка на војводата Ернест Железниот. Двајцата имале осум деца:
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia