Фризиско Кралство
![]() Фризиско Кралство (фризиски: Fryske Ryk) или Голема Фризија (латински: Magna Frisia) — некогашна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Државата е основана во 600 г. и се распаднала по Битката за Боарн во 734 г. кога државата била поразена и освоена од царството на Франките. Преселнички периодЗа време на преселничкиот период, Фризите се населиле на северните и западните делови на денешна Холандија и Германија.[2] Фризите биле посветени на боречките способности и биле склони кон чести војни, но немале голема моќ. Во втората поливина на 7 век Фризиското Кралство ја достигнала својата најголема моќ и географско проширување.[3] ВојниФризите имале доста војни преку кои ја достигнале својата најголема моќ. Војската била предводена од водачот на државата, за кој пак има повеќе различни верзии за неговата титула. Според едни извори водачот на Фризите се нарекувал војвода, а според други крал. Како и да е, денес се зачувани записи само за тројца фризиски кралеви: Алдгисл, Радбод и Попо. После освојувањето на ФранкитеПосле Битката на Боатн во 734 г, Франките ја анексирале територијата на Фризите. Територијата источно од Лауерс била освоена во 785 г, кога Карло Велики го поразил Виндукинд. Територијата на Фризија се сметала за еден вид округ во царството на Франките.[4] За време на Карло Велики била создадена и книгата Законик на Фризите (Lex Frisionum), кој бил испишан на латински јазик. ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia