Фугази
Фугази (англиски: Fugazi) е американска пост-хардкор група, формирана во Вашингтон во 1987 година. Постојани членови на групата се: гитаристите и вокалисти Јан Мекеј и Ги Пичиото, басистот Џо Лели и тапанарот Брендон Канти. „Фугази“ се познати по нивниот DIY етички став, начин на деловна практика и презир кон музичката индустрија.[1] Фугази имаат направено бројни светски турнеи, имаат издадено шест студиски албуми, филм и снимки во живо добивајќи позитивна критика и успех во целиот свет. Фугази се наоѓаат на неодредена пауза од 2003 година.[2] Настапи во живоПомеѓу 1987 и 2003 година, Фугази отсвириле над 1000 концерти во сите 50 држави во САД и во многу други низ целиот свет. Над 800 од овие концерти биле снимени од страна на инженерите за звук на бендот. Во 2005 и 2006 година Фугази издадоа 30 компакт дискови со настапи во живо на кои настапуваат во различни точки во нивната кариера. Подоцна снимките од нивните концерти беа достапни и на интернет.[3] Mузички стил и влијанијаМузиката на Фугази претставува намерно отстапување од онаа на [[хардкор]-групите. Иако јасно вкоренета во панк и хардкор-музиката, во музиката на Фугази лесно се препознаваат и фанк и реге елементи, неправилни старт-стоп структури на песните и „тешки“ рифови инспирирани од групите како што се Лед Џепелин и Квин кои биле омаловажувани од панк и хардкор сцената. Членови
Дискографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia