Фудбалска репрезентација на Литванија
Фудбалска репрезентација на Литванија – национална репрезентација на Литванија под управа на Литванската фудбалска репрезентација (Лиетувос футболо федерација). Член е на Светската фудбалска федерација ФИФА од 1923 годин, повторно од 1992 године, а на Европската фудбалска унија УЕФА од 1992 година. Првиот натпревар го одиграла на 24 јуни 1923 година кога изгубила од Естонија. Во 1940 година Литванија била припоена на СССР, а по осамостојувањето во 1990 година, првиот натпревар го одиграла на 27 мај против Грузија. Најголема победа Литванците постигнале во 1995 година на Балтичкиот куп против Естонија. Според резултатите Литванија е една од послабите фудбалки репрезентации во Европа, главно затоа што фудбалот не е најпопуларен спорт во државата. Тој случај се појавува само уште во мал број држави. Главен спорт во Литванија е кошарката, бидејќи Литванците по статистика се едни од највисоките луѓе на светот. Репрезентацијата на Литванија до денес не учествувала на светските и европските првенства, како и на Олимписките игри. На ранг списокот на ФИФА за јануари 2008 гоидна Литванија се наоѓала на 68. место, а на ранг списокот на УЕФА на 33. место. Бојата на дресовите на репрезентацијат е жолта и зелена. Досегашни тренери
Попознати фудбалери
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia