Фудбалска репрезентација на Фарски Острови
![]() ![]() Фудбалска репрезентација на Фарски Острови (фарски: Føroyska fótbóltsmanslandsliðið; дански: Færøernes fodboldlandshold), ги претставува Фарските острови во фудбалот и е контролирана Фудбалската асоцијација на Фарски Острови. Фарските острови станале членка на ФИФА во 1988 година и УЕФА во 1990 година и е четврта најмала земја на УЕФА по население.[1] Фарските острови никогаш не учествувале на завршницата на Светското првенство или Европското првенство. Тие учествувале на Островските игри во 1989 и 1991 година и ги освоиле двата турнира. Тие, исто така, учествувале на Нордиското фудбалско првенство за првпат во периодот 2000/01 година, последен пат кога се играло натпреварувањето. На Фарските острови, репрезентацијата е позната како „Ланслитит“. Домашните натпревари ги играат на Стадионот Торсволур. ИсторијаРани години (1930-1988)Од 1930 до 1988 година, пред меѓународното членство, Фарските острови играле само репрезентативни натпревари против Исланд, Шетланд, Оркниски Острови, Гренланд и Данска под 21 година. Ниту еден од овие натпревари не бил сметан за службен ниту од ФИФА, ниту од Фудбалската асоцијација на Фарски Острови.[2] Фарските острови се најуспешниот состав на пријателскиот турнир познат како Гренландски Куп, со две победи во купот во 1983 и 1984 година.[3][4] Времето на Хакан Ериксон (2019-)На 16 декември 2019 година, Фудбалската асоцијација на Фарски Острови објавила дека потпишале четиригодишен договор со шведскиот селектор Хакан Ериксон.[5] УспесиОстровски игри:
Гренландски куп:
СтадиониПомеѓу 1999 и 2011 година, Фарските острови ги играле своите домашни натпревари на два различни стадиони, менувајќи ги Торсволур и Свангаскарт. Нивниот последен натпревар на Свангаскарт била победа од 2:0 во квалификацискиот натпревар на Европското првенство 2012 над Естонија на 7 јуни 2011 година.[6] Оттогаш било направено сеопфатно реновирање помеѓу натпреварите на Торсволур, кој го претворил стадионот во повеќефункционално место за концерти и спортови воопшто. Иако, меѓународниот фудбал е воглавен за користење. Рефлектори биле воведени во 2011 година, а поставени биле и 6,000 нови седишта под покрив, површината била заменета со вештачка трева и стадионот сега ги исполнува сите барања на УЕФА и ФИФА.[7] Историја на ФИФА ранкинготИзвор:[8]
ПоддржувачиФарските острови имаат главна трибина за своите приврзаници на Торсволур, кои се познати како „Скансин“, што значи тврдина на македонски јазик. Скансин биле формиран во 2014 година, по нивната 1-0 гостинска победа против Грција во Пиреја и отворањето на нивниот ново реновиран стадион. Заклучно со април 2016 година, Скансин имале 400 членови на домашен терен, а трибините биле распродадени на секој натпревар на домашен терен. После победата на Северна Ирска со 3:1 против Фарски Острови за време на квалификациите за Евро 2016 на 4 септември 2015 година, напаѓачот на Северна Ирска, Кајл Лафрети изјавил дека е особено импресиониран од фарските приврзаници, бидејќи тие навивале за своите играчи во текот на целиот натпревар, дури и кога Фаровјаните потклекнале при веројатен резултат од 1-1. Тапаните и трубите се суштински дел од нивната поддршка.[9] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia