Фурмантера
ИсторијаСе смета дека името на островот доаѓа од латинскиот збор frumentarium што значи „амбар“. Населен е уште од 2000–1600 г. п.н.е. Од тоа време се археолошките наоѓалишта во Ка на Коста,[2] на ’ртот Барбара (повеќе места)[3] и Кова дес Фум.[4] Со островот владееле Картагинците, а потоа Римјаните. Подоцна прешол во рацете на Визиготите, Византијците, Вандалите и Арапите. Во 1109 г. бил опустошен од норвешкиот крал Сигурд I кој ја предводел т.н. „Норвешка крстоносна војна“. Во XIII век бил освоен од кралот Јаков I Освојувачот и припоен кон Арагонската Круна. Подоцна станал дел од Кралството Мајорка. Од 1403 г. до почетокот на XVIII век Фурмантера била ненаселена поради опасноста од берберските пирати.[5][6] На 17 јуни 1651 г. за време на Француско-шпанската војна, група шпански галии под водство на Јован Јосиф Австриски крај Фурмантера го заплениле францускиот брод „Лион курон“. На 20 октомври 1529 г. се одиграла поморската Битка на Фурмантера помеѓу флотата на Османлиското Царство под раководство на Ајдин Рејс и силите на Шпанското Царство кои биле распоредени на островот. Фурмантера и околните островчиња самоуправно се осамостоиле во 1977 г. Дотогаш биле под општинскиот совет на Ибица и Фурмантера (опфаќајќи ги сите Питиуски Острови), но во одделен округ (кој веќе ја покривал денешната општина Фурмантера). Географија![]() Главниот остров на Фурмантера е долг 19 км и сместен на 6 км јужно од Ибица во Средоземното Море. Низ него минува границата на Балеарското Море како северозападен елемент на Средоземното.[7] Позначајни села се Сант Франсеск Шавиер, Сант Феран де сес Рокес, Ел Пилар де ла Мола (на полуостровот Ла Мола) и Ла Савина. Фурмантера е сочинета од една истоимена општина со население од 11.981 жители (2021). Зафаќа површина од 83,24 км2. Поделена е на неколку парохии (parròquies), кои пак се делат на месни заедници (véndes). Северно од Фурмантера е островот Еспалмадор (Illa de s'Empalmador), втор по големина во општината и обиколен со мали островчиња. Еспалмадор е томболо, одвоен од Фурмантера со плиток спруд; при осека водата е доволно ниска што дозволува пешачење меѓу двата острова. Ова е популарно одморишно место за јахтите кои одат помеѓу Ибица и Фурмантера. КлимаОстровот има степска клима со врели и многу суви лета и топли суви зими. Поради рамниот терен врнежите се ретки, а температурата е прилично рамномерна. Просечните годишни врнежи изнесуваат 370-420 мм. Просечната година има 2.883 сончеви часови. ЗнаменитостиФурмантера е позната по убавите бели плажи и нудизмот.[8] Почнувајќи од 1960-тите станала популарно одредиште за хипиците.[9] На островот престојувале и твореле мноштво познати личности и групи од популарната култура и музика. Иако местата на островот се добро поврзани со асфалтирани патишта и изнајмувањето на автомобили е лесно, многу посетители изнајмуваат мопеди и велосипеди поради рамниот терен и распространетоста на велосипедските патеки. На Фурмантера има и четири одбранбени кули од типот мартело.[10] Сообраќајни врскиДо островот се стигнува само со траект од Ибица кој таму има сопствен терминал. КултураМештаните користат месен говор на балеарскиот дијалект на каталонскиот јазик. Службени јазици се каталонскиот и шпанскиот, но летно време се слушаат англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот и холандскиот поради масовниот туризам. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia