ХеминформатикаХеминформатиката, позната и како хемоинформатика или хемиска информатика (англиски термини chemoinformatics, cheminformatics, chemical informatics и chemiinformatics) по дефиниција претставува употреба на компјутерски и информатички техники за решавање на голем број на проблеми на полето на хемијата. Ваквите in slilico техники во голема мерка се користат во фармацевтските фирми во раните фази од процесот на дизајна на нови лекови. Овие методи може во голема мерка да се користат и во другите области на хемијата за решавање на хемиски проблеми од различен карактер. ИсторијаТерминот хеминформатика е дефиниран од страна на F.K. Brown[1][2] во 1998 година на следниот начин:
ОсновиХеминформатиката во себе ги комбинира сознанијата и алатките кои се користат во хемијата и информатиката. На пример во теоријата на хемиски графови и пребарување низ хемискиот простор (се претпоставува дека хемискиот простор содржи најмалку 1060 молекули). Дел од алгоритмите кои се користат во хеминформатиката исто така се користат и во хемометријата. ПрименаСкладирање и пребарување на хемиски структуриЕдна од првите примени на хеминформатиката е во изнаоѓањето на постапки за складирање и пребарување на структури на хемиските супстанци. Делотворно пребарување низ структурни информации за молекулите во себе вклучува користење на информатички алатки (за пребарување низ податоци и машинско учење), како и познавања од областа на теоријата на графови (или поточно на хемиската теорија на графови). Истражувањата поврзани со претходното вклучуваат работа со:
Формати на податотеки за складирање на хемиски структуриЗа in silico претставување на хемиските структури се користат специјализирани формати (пр XML, SDF, SMILES и др.). Ваквите формати за претставување на хемиски структури се користат за складирање на структурите во хемиски бази на податоци. Некои типови на формати се погодни за виртуелно претставување на дводимензионален и тридимензионални структури, додека пак, други формати се попогодни за изучување на физичките својства, за моделирање или, пак, за изучување на белковина-лиганд интеракциите. Квантитативна структура-активност релации (КСАР)КСАР моделите (како што уште се нарекуваат квантитативни структура–својства релации - КССР) служат за предвидување активноста на некоја супстанца (или на некое нејзино својство) врз основа на нејзината структура. Во овој КСАР моделите се тесно поврзани со хемометријата. Слични содржини
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia