Хиперфосфатемија
Хиперфосфатемија е нарушување на електролитната рамнотежа кое се карактеризира со зголемено ниво на фосфати во крвта.[1] Кај повеќето случаи не се јавуваат симптоми, а кај некои се јавуваат калциумови депозити во меките ткива.[1] Нарушувањето често е пропратено со ниско ниво на калциум во крвта, што може да резултира со мускулни спазми.[1] Најчести причинители се бубрежна слабост, псевдохипопаратироидизам, хипопаратироидизам, дијабетична кетоацидоза, синдром на туморна лиза, и рабдомиолиза.[1] Дијагнозата се поставува кога нивото на фосфати во крвта надминува 1.46 mmol/L (4.5 mg/dL).[1] Нивоата можат да бидат лажно зголемени при хиперлипидемиј, хиперпротеинемија, или хипербилирубинемија.[1] Третманот може да вклучува исхрана со мала содржина на фосфати и соединенија кои врзуваат фосфати, како калциум карбонат.[1] Повремено може да се користи и изотоничен физиолошки раствор или дијализа.[1] Не е познато колку често се јавува.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia