Луѓето имаат два хипокампуса, по еден во секоја хемисфера од мозокот. Тој се наоѓа во медијално-темпоралниот дел. На овој страничен поглед на човечкиот мозок, челните делови се лево, окципиталните делови се десно, а темпоралниот и париеталниот дел се навалени за да се открие хипокампусот подолу.
Хипокампусот (најниската розова боја) како дел од лимбичкиот систем.
Хипокампус (преку латински од грчкиот ιππόκαμπος, „морски коњ“) — главна компонента на мозокот кај луѓето и другите ‘рбетници. Луѓето и другите цицачи имаат два хипокампуса, по еден на секоја страна од мозокот. Хипокампусот е дел од лимбичкиот систем и игра важна улога во консолидирањето на информациите од краткорочното памптење во долгорочната меморија и во просторната меморија што овозможува навигација.
Хипокампусот се наоѓа во алокортексот, со нервни проекции кон неокортексот кај луѓето,[1][2][3] како и кај приматите.[4] Хипокампусот, како и медијалниот палиум, е структура што се наоѓа кај сите 'рбетници. Кај луѓето, тој содржи два главни меѓусебно поврзани делови: самиот хипокампус (исто така наречен Амонов рог) и забестиот гирус.[5][6]
Врска со лимбичкиот систем
Поимот лимбичен систем во 1952 година го вовел Пол Меклин[7] за да го опише збирот структури што се граничат со работ на кортексот (латински limbus што значи граница). Ова ги вклучува хипокампусот, цингуларниот кортекс, олфакторниот кортекс и амигдалата. Пол Меклин подоцна посочил дека лимбичките структури ја образуваат невронската основа на емоциите. Хипокампусот е анатомски поврзан со делови од мозокот вклучени во емоционалното однесување - септумот, со хипоталамусното мамиларно тело и предниот јадрен комплекс на таламусот, и општо е прифатено дека е дел од лимбичкиот систем.[8]
↑Amaral D, Lavenex P (2007). „Hippocampal neuroanatomy“. Во Anderson P, Morris R, Amaral, Bliss T, O'Keefe J (уред.). The hippocampus book (first. изд.). New York: Oxford University Press. стр. 37. ISBN978-0-19-510027-3. Архивирано од изворникот на 2020-03-16. Посетено на 2016-12-15.
↑Anderson P, Morris R, Amaral, Bliss T, O'Keefe J (2007). „The hippocampal formation“. Во Anderson P, Morris R, Amaral, Bliss T, O'Keefe J (уред.). The hippocampus book (first. изд.). New York: Oxford University Press. стр. 3. ISBN978-0-19-510027-3. Архивирано од изворникот на 2020-03-15. Посетено на 2016-12-15.