Холандско колонијално царство
Холандско колонијално царство (холандски: Nederlandse koloniale rijk) е составено од прекуокеанските територии и трговски места управувани и под контрола од холандските овластени компании, најчесто од холандската западноиндиска компанија и холандската источноиндиска компанија - и преку нив од Холандската Република (1581-1795) и потоа од Кралството Холандија (по 1815).[1] На почетокот целта за освојувањето на овие територии била трговијата, и најчесто се користело влијанието на трговското претпријатие и холандската контрола на меѓународните поморски бродски патишта за да се основаат трговски места на стратешки локации, а немало намера за експанзионистички територијални потфати.[1][2] По Шпанија и Португалија, Холандија била трета Европска држава која основала колонијално царство. Со неколку исклучоци, најголемиот дел од прекуокеанските поседи на Холандско колонијално царство биле крајбрежни тврдини, фабрики и пристанишни населби кон кои подоцна биле придодавани и нивните околни региони.[2] Холандските овластени компании честопати се труделе да ги изолираат своите имоти за да се избегнат непотребни трошоци,[3] и додека некои како Холандската колонија Кејп и Холандската Источна Индија и се прошириле (поради притисокот на независните холандски колонисти), други останале неразвиени, изолирани трговски центри зависни од околината во која се наоѓале.[2] Ова било основната цел на Холандско колонијално царство: трговска размена наспроти суверенитет врз хомогени копна.[2] Империјалистичките амбиции на Холанѓаните растеле заедно со силата на нивната бродска индустрија, и нејзината улога во проширувањето на поморската трговија меѓу Европа и Ориентот.[4] Бидејќи малите европски трговски компании честопати немале доволно капитал или работна сила за обемни активности, Генералните Држави на почетокот на седумнаесеттиот век ги овластиле поголемите организации - Холандската западноиндиска компанија и Холандската источноиндиска компанија.[4] Овие биле своевремено најголемите поморски трговски компании, и едно време имале монопол врз стратешките европски бродски рути кон запад преку Јужната полутопка околу Јужна Америка преку Магелановиот Проток и кон исток околу Африка, покрај 'Ртот Добра Надеж.[4] Нивната доминацијата во глобалната трговија во голема мера ја поттикнала трговската револуција и културниот процут во Холандија во 17-тиот век, познат како Холандско златно доба.[5] Во потрага по нови трговски премини меѓу Азија и Европа, холандските морепловци ги истражувале и ги оцртувале бреговите на далечните региони како Австралија, Нов Зеланд, Тасманија и делови од источниот брег на Северна Америка.[6] За време на периодот на протоиндустријализација, 50% од текстилот и 80% од свилата се увезувале од индиското Могулско царство, најчесто од нејзиниот најразвиен регион - Бенгалски Субах.[7][8][9][10] Во 18 век, по Четвртата англо-холандска војна (1780-1784), во која Холандската Република загубила голем број од своите колонијални поседи и трговски монополи за сметка на Британската империја, кога им бил одземен и Могулскиот Бенгал во битката кај Пласеј од страна на Источноиндиската компанија.[11][12][13] Сепак, во царството останале многу територии до појавата на глобалната деколонизација по Втората светска војна, имено Источна Индија и Холандска Гвајана.[14] Три поранешни колонијални територии на островите на Западните Инди околу Карипското Море - Аруба, Курасао и Свети Мартин - и понатаму се конститутивни земји на Кралството Холандија.[14] Поранешни холандски колонијални поседи
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia