Хорациј (драма на Пјер Корнеј)![]() Хорациј (француски: Horace) - драма (трагедија) на францускиот писател Пјер Корнеј од 1640 година. Содржина„Хорациј“ се одликува со сосема поинаква концепција од „Сид“, зашто главниот женски лик во оваа трагедија, Камила, не сака да прифати ништо освен љубовта кон својот свршеник, така што е готова да проколне секого и да жртвува сè што ќе се испречи пред нејзината љубов. Нејзиниот брат, Хорациј, е целосна спротивност, зашто тој е персонификација на бескомпромисен патриотизам. Камила е подготвена да се откаже дури и од татковината за да го спаси својот свршеник, додека младиот Хорациј е готов да го жртвува дури и животот на своите најблиски ако тоа го бараат интересите на татковината. Борбата меѓу овие две спротивставени страсти, изведена во три дејства, е централната тема во драмата, која мора да има трагична разврска.[1] Осврт кон делотоКорнеј ја напишал трагедијата „Хорациј“ во 1640 година, како одраз на душевната состојба и искуството во дебатата со своите непријатели по повод драмата „Сид“. Оваа трагедија може да се смета како триумф на неговата концепција, уметност и техника. Така, поучен од полемиката во врска со „Сид“, во ова дело Корнеј строго се придружува кон правилото за трите единства, својствени за класичната драма. Темата за драмата е земена од римската историја, со цел да ја изнесе моќта на римскиот патриотизам од времето на републиката. Исто така, во делото се опишува борбата меѓу љубовта и патриотската должност кон државата, но за разлика од „Сид“, овде љубовта е таа што е потчинета кон должноста. Сепак, слично на „Сид“, и „Хорациј“ се одликува со благопријатна разврска и со психолошка концентрација.[2]
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia