Христијански центар „Тринитас“
Христијански центар „Тринитас“ ― евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива. ИсторијаХристијанската заедница Тринитас започнала во 2015 година на чело со Александар Вулетиќ, со цел за основање црква којашто понатаму ќе основа други цркви. Црквата започнала во Аеродром и се собира во хотел Порта. ОрганизацијаДенес црквата има две домашни заедништва, пастор и група служители од пет луѓе кои се подготвуваат за ѓакони и старешини, група за славење, и неделно училиште за деца и возразни. Активно се работи на првото семрежно библиско училиште во Македонија, со едногодишна теолошка програма за лична изградба како и препорачлива за сите кои активно учествуваат во служењето во своите цркви. Училиштето се вика Институт за духовен растеж и во текот на 2018 година започнал да работи со првите студенти.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia