Цане Скерлевски

Александар Цане Скерлевски (Брусник,1925 - Битола, 2003) е македонски партизан, комунист и просветен работник.

Животопис

Александар Цане Скерлевски е роден на 25-ти февруари 1925 година во битолското село Брусник во работничко семејство. Татко му Томе бил воденичар и печалбар во Америка, додека мајка му Анча била домаќинка.

Основно училиште учи во Брусник, а гимназија во Битола. По завршувањето на Втората светска војна, дипломира на Вишата педагошка школа и работи како наставник по македонски јазик. Во три мандати од по 5 години е директор на ОУ Стив Наумов - Битола.

Избран е за пратеник во Собранието на СР Македонија во Просветно-културниот собор во 1967 и 1969 година, како и член на Комисијата за општествен надзор на Собранието на СР Македонија во 1971 година.[1]

Се пензионира како директор на Сојуз на возачи на Македонија. За работата во институцијата во 1982 година добива:

  • Златна плакета за придонес во развитокот на организацијата од Сојуз на возачи на Македонија;
  • Плакета за заслуги во унапредувањето на безбедноста и превентива во сообраќајот од Републички совет за безбедност во сообраќајот;

Умира во 2003 година.

Втора светска војна, НОБ и ЈНА

Бугарската окупација на Битола го затекнува на 16 години. На антифашистичкиот отпор се приклучува со четвртата група скојевци од Брусник, од кои на 22 април 1942 година е формиран партизанскиот одред „Пелистер“.[2]

Од 1950 година е резервист во ЈНА со чин заставник, а унапредуван е во поручник 1962 и капетан во 1970 година. Одликуван е со:

  • Медал за храброст (1 ранг на медали) во 1961;
  • Медал заслуги за народ (2 ранг на медали);
  • Орден на трудот со сребрен венец (33 ранг на одликувања) во 1961;
  • Орден на трудот со златен венец (25 ранг на одликувања) во 1978.

Залагање за родното Брусник

Во текот на целиот живот се залагал за развој и подобрување на условите на неговото родно село. Меѓу позначајните се:

  • изградбата и отворањето на новата зграда на училиштето во 1963 година;
  • изградбата на селското игралиште;
  • реализација на прославата по повод јубилејот „600 години Брусник“ во 1992 година. Притоа е претседател на одборот кој организира манифестација на која присустува претседателот на државата, Киро Глигоров. Настанот е проследен и со настап на Тале Огненовски и промоција на книгата „Брусник, 600 години од создавањето“ од Александар Стерјовски. [2]

Наводи

  1. „Службен весник“ (PDF).
  2. 2,0 2,1 Стерјовски, Александар. Брусник, 600 години од Создавањето (PDF).
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya