Цапаревска Река
Цапаревска Река — река во Мелничко (Општина Струмјани), Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 24 км и ги одводнува источните делови на Малешевските Планини.[1] Реката извира на 1.372 м.н.в., околу 300 м западно од врвот Голак (1.453 м) во средишниот дел на Малешевските Планини. Тече во правец исток-југоисток, во релативно длабока долина обрасната ретка шума и еродирани падини. На крајот се влева во Струма кај с. Микрево во Општина Струмјани, на 125 м.н.в.[1] Сливот на реката зафаќа 78 км2, што претставува 0,45 % од вкупниот слив на Струма.[1] Главни притоки: → лева, ← десна
Реката претежно се напојува од дождови. Најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.[1] По течението на Цапаревска Река нема население места освен Микрево кое се наоѓа кај самото устие.[1] Сосем мал дел од водите на реката се користат за наводнување, и тоа највеќе во околината на Микрево.[1] ПоврзаноКартиНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia