Цар Ослободител (споменик)

Споменик Цар Ослободител
Карта
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија

Споменикот Цар Ослободителспоменик што се наоѓа во градот Софија, Бугарија.

Споменикот бил изграден во чест на ослободувањето на Бугарија од Отомаската Империја во 1878 година. Овој споменик е посветен на рускиот цар Александар II. Споменикот во вид на скулптура го претставува рускиот цар седнат на коњ. Автор на споменикот е италијанскиот уметник Арналдо Ѕоки (1862-1940).

Камен-темелникот бил ставен на 23 април 1901, а работата е завршена на 15 септември 1903 година. На спротивната страна од споменикот се наоѓа парламентот на Бугарија, а во негова близина се наоѓа храмот Александар Невски, Софискиот универзитет и други позначајни градби.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya