Цезарија Евора
Цезарија Евора (португалски: Cesária Évora; родена на 27 август 1941 - почина на 17 декември 2011) била популарна пејачка од Зелено'ртските острови. Позната е под прекарот босaта дива поради тоа што на за нејзините концерти настапувала без чевли.[1] Евора била светски најдобро познатиот изведувач на морна. Животопис![]() Таа го загубила својот татко на седумгодишна возраст. По неговата смрт, нејзината мајка не успевала да го издржи семејството со нејзините слаби приходи кои ги добивала како готвачка. Затоа Цезарија била оставена во дом за сираци. Своето прво искуство како пејачка го стекнува во хорот во домот за сираци. На шеснаесет години, Евора се запознав еден морнар по име Едуардо, кој ја запознава со локалните стилови на музика (коладеирас и морнас). Морнас песните се песни на тага и копнеж. Таа започнала да пее во локалните барови и хотели. Со помош на локалните музичари ги усоврши своите пејачки вештини. Подоцна од своите обожаватели ќе биде прогласена за кралица на морнес. Станува позната пејачка на Зелено'ртските Острови. Évora останала популарна подолго време, но нејзината слава, не довела и до финансиски успех. Исфрустрирана од лични и финансиски проблеми, надополнети од страна на многу тешка економска и политичка ситуација во Зелено'ртските Острови, Евора се откажува од пеењето за да може да го издржува нејзиното потесно семејство. Таа не пеела цели десет години, кои таа денес ги опишува како ја мрачни години. Во овој период таа имала и проблеми со алкохолизмот. Евора продолжила со пеењето откако била охрабрена од еден зелено'ртски музичар кој во тоа време живеел во Португалија. Тој ѝ обезбедил покана за да може да дојде во Португалија, каде што настапувала на низа концерти спонзориран од страна на локалните женски организации. Французинотот Хосе да Силва (кој по потекло е од Зелено'ртските Острови) ја убедил да замине за Париз, каде што таа го снима новиот албум, La Diva Aux Pieds Nus (Босоногата дива) во 1988 година. Песната Sodade е нејзиниот прв меѓународен хит, првиот хит на не-француската песна во Франција, и со тоа е означен почетокот на светска слава за Евора. Португалскиот збор saudade е комплексен и тешко е да се преведе, а поврзан е со носталгија, копнеж и тага. Израз на "sodade" е интегрален дел од музиката на Зелено'ртските острови. Овој албум доби позитивни критики, и претставува почеток на драматичното враќање кое понатаму беше потврдено со нејзиниот албум Miss Perfumado од 1992 година. Со ова таа станала меѓународнa ѕвезда на возраст од 47. Цезарија Евора во 2002 и во 2006 година има настапувано и во Македонија.[2][3] ДискографијаСоло албуми
Компилации и албуми во живо
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia