Цена (економија)Цена претставува надомест кој купувачот на одреден производ или производен фактор му го плаќа на продавачот. Најчесто, цената е изразена во пари, но може да биде изразена и во натурален облик. Пазарна ценаНа кус рок, рамнотежата на пазарот се воспоставува при цената по која побарувачката на производот е еднаква на понудата. Притоа, рамнотежна цена е онаа по која купувачите сакаат да го купат количеството кое го нудат продавачите по таа цена. На пример, ако продавачите се подготвени да продадат 1 000 килограми пченка по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 600 кг по цена од 35, а купувачите сакаат да купат 600 кг по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 900 кг по цена од 35, тогаш желбите на купувачите и на продавачите ќе се усогласат по цена од 36, кога ќе бидат продадени (купени) 700 кг пченка. Оваа пазарна рамнотежа може да се нарече привремена, зашто зависи само од постојните улови на пазарот, т.е. од тековната побарувачка и од тековната понуда (залихата што ја поседуваат продавачите).[1] Но, на долг рок, понудата на производот зависи од трошоците за неговото производство, а тие се определени од цените на факторите на производството.[2] На тој начин, Алфред Маршал зборува за пазарна цена (market price) и нормална цена (normal price) при што првата зависи претежно од побарувачката, а втората од понудата. Имено, во некои случаи, кога понудата на производот е фиксна, цената зависи од побарувачката. Од друга страна, за производите кај кои важи законот за константни приноси, т.е. чија цена е константна при различен обем на производството, цената е определена претежно од понудата. Оттука, општо правило е дека, на кус рок, пазарната цена зависи претежно од побарувачката, а на долг рок, вредноста на производот зависи од понудата (трошоците на производството).[3] На тој начин, кога се зборува за цената, постојат четири можни состојби:[4]
Во основа, цената е резултат на понудата и побарувачката. Меѓутоа, промените на понудата или побарувачката може да имаат различни ефекти врз цената. На пример, промените на побарувачката предизвикуваат различни ефекти врз цената, во зависност од тоа дали во производството на производот важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси: при константни приноси, порастот на побарувачката предизвикува само зголемување на производството на производот без никаков ефект врз цената по која се продава тој; при опаѓачки приноси, зголемената побарувачка предизвикува мало зголемување на количеството што се продава и пораст на цената; при растечки приноси, поголемата побарувачка води до голем пораст на производството и до намалување на цената.[5] Функции на ценатаВо пазарната економија, која се одликува со слободна размена и приватна сопственост на факторите на производството, цените извршуваат пет основни функции:[6]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia