Централно Конго
Централно Конго (француски: Kongo central) — покраина во Демократска Република Конго и единствената што излегува на море.[1] ИсторијаПокраината Долно Конго првобитно се нарекувала Централно Конго (Kongo Central),[2][3] а потоа Долен Заир (Bas-Zaïre). Во времето на остамостојувањето на ДР Конго, оваа територија била дел од поголемата покраина Леополдвил, во чиј состав влегувале подрачјата на градот Киншаса и окрузите Кванго, Квилу и Мај-Ндомбе. ГеографијаОва е единствената покраина во земјата што излегува на Море. Се граничи со градот Киншаса на североисток, покраината Кванго, Ангола на југ и Република Конго и анголската ексклава Кабинда на север. Населени местаАдминистративен центар на покраината е Матади. Единствениот друг град е Бома. Останатите населени места се помали и влегуваат во окрузите Долна Река, Катаракт и Лукаја. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia