Црква Пресвета Богородица кај светилникот (Цариград)

Црква Пресвета Богородица кај светилникот
Религија
ОкругГолема палата
ВодствоЦариградска патријаршија
Година на осветување8 век
Локација
ЛокацијаЦариград , Византија
Истанбул, Турција
Карта
Географски координати41°00′21″N 28°58′38″E / 41.00583°N 28.97722°E / 41.00583; 28.97722
Архитектура
Типкапела
Стилвизантиска архитектура

Црквата Пресвета Богородица кај светилникот - поранешна византиска капела изградена во јужниот дел од Големата палата во Цариград , именувана според светилникот кој се наоѓал до храмот[1]. Во оваа црква се наоѓале едни од најзначајните мошти од христијанските светци.

Историја

Црквата најверојатно била изградена во 8 век. Во оваа црква бил венчан идниот император Лав IV[2] . Храмот се наоѓал до церемонијалната палата Хрисотриклинос[3].

Во 940 година во црквата се чувале реликви од Светото копје и Вистинскиот крст, Мандалион, десната рака на Јован Крстител, сандали на Исус Христос, писмото кое ерменскиот крал Авгар V му го испратил на Исус, крпата со ликот на Исус, облеката на Исус, трнскиот венец итн.[4][5].

По заземањето на градот од Латините, голем дел од овие реликви биле пременстени во Западна Европа. За таа цел, францускиот крал Луј IX ја изградил т.н. Света капела во Париз[5], каде сместил голем дел од реликвите, купувајќи ги од латинскиот крал.

Се смета дека храмот бил разрушен во времето на Латинското Царство.

Наводи

  1. Klein (2006), pp. 79–80
  2. Maguire (2004), p. 55
  3. Klein (2006), p. 80
  4. Klein (2006), pp. 91–92
  5. 5,0 5,1 Maguire (2004), p. 56
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya