Црква Свети Петар и Свети Павле (Прага)

Црква Свети Петар и Свети Павле
Локација
ЛокацијаПрага, Чешка
Карта

Базилика Свети Петар и Павле (чешки: Bazilika svatého Petra a Pavlaнеоготска црква на тврдината Вишеград во Прага, Чешка.

Првобитната црква на ова место е изградена во 1070-1080 г. од кралот Вратислав II во романски стил. Во 1249 г. базиликата настрадала во пожар, и подоцна е обновена во готски, а потоа во неоготски стил. Впечатливи за црквата се камениот мозаик над вратата, како и двете кули високи по 58 м што се извишуваат над ридот и се гледаат од центарот на градот.[1]

Зад црквата е сместен голем парк, во кој се наоѓаат познатите Вишеградски гробишта, во кои почиваат разни чешки големци како Карел Чапек, Антонин Дворжак, Алфонс Муха и други. Црквата е прогласена за базилика во 2003 г. од страна на папата Јован Павле II.

  1. „Kostel sv. Petra a Pavla na Vyšehradě“. Архивирано од изворникот на 2015-04-27. Посетено на 2015-10-31.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya