Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во малешевското село Владимирово, Општина Берово.[1] ИсторијаГрадбата била започната во 1840 година, била осветена во 1842 година, а завршена во 1846. Во минатото, црквата служела и како училиште и полициска станица. Во црквата е откриен „Летопис на црквата на Св. Вознесение Христово“, како и книга на приходи, расходи и инвентар, каде се забележани детали за градбата, инвентарот, градењето на новата училишна зграда, направените трошоци.[2] ПожарЦрквата потполно изгорела на 1 ноември 2014 година. Официјално, причините за пожарот (кој избувнал околу 10 часот наутро) не се познати, но се претпоставува дека пожарот се проширил од свеќникот во непосредна близина на олтарот.[3] Од црквата останале само камените ѕидови, крстилницата и камбанаријата, а внатрешноста била целосно уништена, заедно со старите и вредни икони.[4] По пожарот, повеќе истакнати жители по потекло од селото дале парични придонеси за обнова на црквата, како: Благоја Ханџиски, Снежана и Љубчо Георгиевски, Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ итн.[5] АрхитектураГрадбата е трикорабна црква со полукружна апсида. Посебен впечаток во црквата оставаат десетте дабови столбови, кои со секира се оформени во шестострани правилни призми.[2] ИконостасИконите на иконостасот се работени на Света Гора и се подарок на месното население.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia