Црква „Вознесение Христово“ - Горобинци
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во светиниколското село Горобинци, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во самото село. МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село и со својата големина преовладува во панорамата на селото. ИсторијаВо минатото постоела црква во Горобинци во Долно Маало, но кога дошле во голем број Турците, истата била срушена. По рушењето на црквата, на местото останал само бетонски крст, на кој Македонците се собирале за Спасовден.[2] На 27 ноември 1944 година е осветен и поставен камен-темелникот на тогаш новата црква „Свети Спас“. Поради немање на финасиски средства црквата била запоставена сè до 1997 година, кога бил поставен камен-темелникот на новата црква на 27 ноември 1997 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[3] Целосно била завршена и реосветена во 2008 година од страна на г.г. Стефан.[4] АрхитектураФрескоживописИконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристески од Охрид.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia