Црква „Вознесение Христово“ - Живојно
Вознесение Христово – главна селска црква во селото Живојно.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во североистоичниот дел од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1885 година. Непосредно по Втората светска војна била обновена, а во 1990 година била реновирана.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со прозорец, а црквата има и два споредни влеза на јужната страна, а над едниот од нив има ниша со фреска во лоша состојба на којашто не може да се забележи што е претставено. Храмот е еднокорабен со полукружен свод и е граден од камен. Внатрешноста е зографисана и е обогатена со икони и книги.[2] Во дворот на црквата се сместени камабанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во горниот дел, во висина на ѕвоното, е тесно отворена од сите страни. Галерија
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia