Црква „Вознесение Христово“ - Липец
Селска црква во Липец
„Св.Вознесение Христово“ — верски храм кој се наоѓа во селото Липец, Општина Виница. ИсторијаИзградена е во 1839 година и е една од постарите во Виничко. Од сочуваните документи и од натписот сочуван од жителите, се потврдува годината на изградбата на црквата Свети Спас. Сместена е на северната страна од селото, на височинка од 750 метри, оддалечена 500 метри од селото. Црквата претставува трикорабна градба со рамен таван, градена од речен камен и малтер. Од надворешната страна не е малтерисана и се познаваат камењата и малтерот.[1][2] ЖивописЗа разлика од други цркви од тој период, црквата е живописна со невообичаена сликарија, цртани се елементи со цвеќиња во вазни и други флорални елементи, меѓу кои се среќаваат и некои насликани ангели. Горниот дел на иконостасот е направен во резба. На него се наоѓаат 33 икони, меѓу кои и Животоносниот леб, работена од непознат зограф во 1887 г. На левата врата од иконостасот се наоѓа голема икона на Свети Архангел Михаил, на која е запишана годината на изработката од 1918г. со потпис на зограф со иницијалот Г. Не е познато кога и од кого е осветена.[1][2] ПоврзаноЦрквата има и скромна библиотека во која се сочувани десетина книги со постар ненапишан датум, меѓу нив се: “Минеј’’ за 11-ти месеци, друг “Минеј’’, и “Октоих’’ или “Осмогласник’’, во кој на третата страница пишува, 1888 16 Јули, месецот и датумот кога се одржала некоја значајна црковна прослава.[1] ГалеријаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia