Црква „Вознесение Христово“ - Погулево
Вознесение Христово или Свети Спас — црква во селото Погулево. ИсторијаИзградбата на црквата започнала во 1940 година, а била осветена во 1985 година од страна на епископот и администратор злетовско-струмички Горазд Тивериополски. Иконите биле изработени од иконописците Гаврил Атанасов од Берово, Дончо од Секирник и Васе Аџов од Вељуса.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со мала полукружна апсида на источната страна. На западната страна од храмот има отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со жичена ограда и во него има помошни објекти, а во негова непосредна близина се сместени и селските гробишта. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia