Црква „Вознесение Христово“ - Умлена
Вознесение Христово, позната и како Свети Спас — главна селска црква во малешевското село Умлена. Црквата е сместена во средишниот дел на селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1904 година. Во мај 2004 година е одржана литургија по повод 100 години од изградбата на црквата, на која чиноначалствувал Митрополитот Струмички г. Наум.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Во целост е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. Камбанаријата е прилепена со западната страна од црквата. Таа има квадратна основа, целата е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров на чиј врв има крст. На секоја од страните во нејзиниот горен дел има монофора. Во дворот на црквата има пространи трпезарии, кои го зафаќаат речиси целиот простор на западниот, јужниот и источниот дел од дворот. Сребрен крстВо црквата се чува доста вреден сребрен крст пронајден во населбата Тодоричево, сместена околу 2 км источно од селото Умлена. Крстот е во двојна изработка, а на платформата има изгравирано писмо на грчки јазик. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia