Црква „Положување на ризата“
Црквата Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна (руски: Церковь Ризоположения) е црква која се наоѓа на Катедралниот плоштад во Московскиот кремљ во Русија. Изградбата на црквата започнала во 1484 година од страна на Псков, најверојатно ахитектот кој ја проектирал ѝ Благовештенската катедрала[1]. Црквата била изградена на местото на поранешна црква, која пак била изградена во 1451 година[2]. Името на црквата било посветено на Пресвета Богородица, по повод преместувањето на нејзината облека од Палестина во Цариград, каде станала заштитничка на градот. Според некои легенди, во времето на руско-византиската војна од 860 година, градот не паднал во рацете на Русите поради појавувањето на Пресвета Богородица на бојното поле, каде голем број од руските бродови потониле во морето[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia