Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола

Пресвето Срце Исусово
Катедрална црква
„Пресвето Срце Исусово“
Поглед кон црквата
Карта
МестоБитола
ЗемјаМакедонија
ВероисповедКатолицизам
Архитектура
Архит. типнеоготски стил
Завршена1909
Управа
ЕпархијаСкопска бискупија
МитрополијаОпштина Битола
Свештенство
АрхиепископКиро Стојанов

Црква „Пресвето Срце Исусово“ — католички храм што се наоѓа во Битола, Македонија.

Историја

За основањето на црквата најзаслужни биле лазаристите кои во 19 век започнале со идеја за ширење католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Основач на парорхијата во градот бил Жан-Жозеф Лепавек кој во 1857 година го купил хотелот Локанда на Широк Сокак.

За потребите на лазаристите и за малкуте католички верници од градот, истата година во објектов била востановена скромна капелка, сместена на таванот, со димензии од 15х7х4 метри. Уште оттогаш нејзината внатрешност ја красела посебно значајната и ценета икона посветена на „Пресветото срце Исусово“, специјално донесена од Рим. Додека не дошле помошници, духовни браќа на основачот Лепавек, посебен советник и соработник му бил францускиот конзул во Битола, Белег де Буга, кој извесно време и просториите на Мисијата ги користел за потребите на својот конзулат.[1]

Капелката служела до 1870 година кога, заради нараснатите потреби и зголемениот број верници, на истото место бил подигнат сосема нов, наменски објект за црква, изведен во барокен стил. За време супериорот Денис Дипол (1877-1881) во дворот на црквата била подигната и провизорна камбанарија, било поставено и црквено ѕвоно, прво што се огласило во Битола по неколкувековниот молк, предизвикувајќи шок и жестока реакција среде муслиманското население, па набрзина било замолчено и отстрането.[1]

Во 1900 година црквата била опожарена. Потоа следувале административни напори и собирање средства за нејзина обнова. На 27 декември 1909 година, по Младотурската револуција бил обезбеден ферман за изградба на објект и нова камбанарија. Изведбениот план бил подготвен во Париз од познат француски архитект, кој се определил за новоготски француски стил, а изведувачи биле домашни мајстори. Црквата настрадала и за време на Првата светска војна и биле потрошени значителни средства за нејзиното обновување[1]

Опис

Денешната црква датира од 1909 година и истата е во неоготски стил. Главниот олтар од костеново дрво во готски стил бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари биле изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот биле изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил Ѓорѓи Караџовски. Камбанаријата на црквата била изградена во периодот 1938 - 1940 г., и е подарок од словенечките верници[2].

Певницата и чесниот престол се дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[3]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Стерјовски, Александар (2020). Битола – Градби. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 498-501. ISBN 978-608-65122-8-6.
  2. „Католичка црква“. http://www.bitolatourist.info/. Посетено на 2013-05-03. Надворешна врска во |publisher= (help)
  3. Андоновска, Ленче (2007). Значајни личности за Битола. Битола: УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 90. ISBN 978-9989-2783-0-3. Посетено на 16 мај 2025. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya