Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Бегниште.[1][2] Таа се наоѓа во самото село, сместена под Тренчевското Маало. ИсторијаПодигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасович од Крушево. Ова го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влез од внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи:[2]
АрхитектураЦрквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони.[3] ФрескоживописЦелата црква е живописана.[3] Во првата зона на јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие (Страшниот суд), а над него е Жртва Аврамова, Рождество на Св. Јован Крстител и Гозбата на царот Ирод. На северниот ѕид во првата зона се стоечки фигури, а во втората Каменувањето на архиѓакон Стефан, Христос и Самаријанката на бунарот и Христос им се јавува на апостолите на море. Во олтарниот простор се светите архијереи, а над нив Богородица Ширшаја. На јужната страна е насликана композицијата Причестување на апостолите, а на спротивната Воведение Богородично.[3] На иконостасот има царски двери изработени од непознат копаничар.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia