Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Канино
Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица) — главна селска црква во битолското село Канино, Македонија.[1] Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа над селото Канино, подигната на мало возвишение, на западниот дел од селото. До црквата води тесен асфалтен пат од селото Канино во должина од 400 метри.[2] Сместена е во заграден простор, заедно со селските гробишта, во кој се влегува низ обновената црковна порта на источниот дел.[3] ИсторијаЦрквата била изградена во 1830 година на темели на некој постар храм. Подоцна, била реновирана двапати, во 1926 и 1979 година.[2] АрхитектураЦрквата претставува трикорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на југоисточниот агол.[2] Поседува затворени тремови покрај јужната и западната фасада. Во изминатите години малтерисани се сите фасади на црквата, заедно со помошните простории.[3] Во црквата може да се влезе преку двата влеза сместени на јужната и западната страна. Наосот е поделен на три надолжни кораби со два реда на дрвени столбови. На западниот дел од внатрешноста има дрвена галерија на кат, до која се стигнува преку едноставни камени скали.[3] ФрескоживописВо наосот не е зачуван фрескоживописот. Ѕидно сликарство се сретнува само во делови од олтарскиот простор, односно во просторот на апсидната конха и во малата ниша од жртвеникот. Двете насликани партии, со вообичаени претстави за овој простор, потекнуваат од 1928, односно од 1930 година. Тоа се дознава од зачуваните записи.[3] Иконостас и икониИконостасот е составен од два реда на икони, од кои повеќето потекнуваат од втората половина на XIX век. Иконите од втората четвртина на XX век се од истиот мајстор, кој го насликал и фрескоживописот во олтарскиот дел.[3] Царските двери поставени на иконостасот претставува уметничка творба според повеќе историчари на уметноста. Истите делат ставови дека тие, заедно со уште неколку слични вакви двери, потекнуваат од XVI век. Најверојатно, овие царски двери се остаток од некој постар храм, кој се наоѓал на местото на денешната црква или пак во нејзината непосредна околина.[3] Во секој случај, истите се вбројани меѓу највредните артефакти изработени во резба од периодот на поствизантиската уметноста во Македонија.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia