Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушица
Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Ѓуришкиот манастир.[1] ИсторијаЦрквата се споменува во средновековни извори[2] и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.[3] Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година,[3] а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.[4] Иконите на иконостасот биле изработени во XIX век, но не е познат од кој зограф.[3] Црквата била преосветена на 15 мај 2017 година.[5] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна и претставува крстокуполен храм и тристрана апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Кон западната, северната и источната страна на храмот е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната и страна и над него има ниша со фреска којашто го отсликува рождеството на Пресвета Богородица, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со мозаик на којшто е прикажана Богородица со Исус. Над припратата од западната страна, непосредно пред главниот влез во црквата се издига камбанаријата. Таа има осумаголна основа и се состои од два дела и на секоја страна од двата дела има по една монофора. Објектот е обоен во темноцрвена боја, а рабовите се во бела боја. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia